Првачињата добија подароци од полицијата
        02.09.2011 08:22
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Полицајци од СВР Куманово – Отсек за превенција вчера им посакаа безбедна учебна година на првачињата, и на сите ученици во градот. Како и секоја учебна година на првиот училишен ден, полициските службеници ги посетија првачињата во основните училишта.
                  На својот прв училишен ден имаа можност да се дружат со полицијата а притоа им беа доделени распоред за часови и лењирчиња со сообраќајни знаци, информираат од Одделот за превенција.
Во текот на учебната година полицијата ќе се грижи за безбедност на сите ученици преку непосредни контакти и дружења и реализација на повеќе проекти наменети за учениците.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



