Пукал од воздушна пушка го ранил пријателот
10.12.2025 14:11
| KumanovoNews
Кумановската полиција синоќа привела жител на с. Опае, липковско, осомничен дека со истрел од воздушна пушка тешко го повредил својот пријател од Куманово.
„Инцидентот се случил на ул. „Карл Маркс“ во Куманово, каде што пријавениот со воздушна пушка испукал проектил кој го погодил неговиот пријател, нанесувајќи му тешки телесни повреди“, соопшти МВР.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.