Работилница за деца „Недовршена приказна“ во Центарот за култура
15.04.2025 21:06
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утре со почеток во 11 часот ќе се одржи работилница за деца „Недовршена приказна“ под раководство на авторката Бистра Георгиева и илустраторката Катерина Николовска.
Работилницата е наменета за деца од четврто и петто одделение. Треба да ја поттикне детската фантазија, да станат ко-автори на една приказна, заеднички создадена со писателката Бистра Георгиева и илустраторката Катерина Тери Николовска.
Бистра Георгиева е автор на повеќе наградувани сликовници. Катерина Тери Николовска е графички дизајнер и илустратор на повеќе дела.
Работилницата е дел од Годишната литературна програма на Центарот за култура, поддржана од Министерство за култура и туризам.

