×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рекордна потрошувачка на вода во градот

    14.07.2016 07:20 | KumanovoNews

     Од 15 до 20 отсто е зголемена потрошувачката на вода во Куманово од почетокот на месецот, соопштуваат во јавното претпријатие „Водовод“.

    Рекордна потрошувачка на вода во градот

    Ако минатата година во овој период граѓаните за дневни потреби трошеле околу 300 литри во секунда вода, сега таа изнесува 360 литри. Тоа се максимални количини кои јавното претпријатие може да ги обезбеди за потребите на градот.

    „Поради високите температури зголемена е потрошувачката на вода и таа е на рекордно високо ниво. Ние обезбедуваме околу 360 литри во секунда вода, 200 литри во секунда добиваме од главниот вод, 60 литри од бајпасот, а вклучени се алтернативните извори во Проевце и Бедиње од каде што добиваме 100 литри. Со овие количини имаме целосно и континуирано водоснабдување во сите делови на градот. Затоа ги повикувам граѓаните да ја трошат водата рационално само за пиење и одржување лична хигиена, за да немаме проблеми до крајот на летото“, вели Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.

    И покрај апелите на надлежните, несовесни граѓани секојдневно ја користат технички исправната вода за пиење за полевање на тревници и бавчи и миење коли. Од претпријатието најавуваат дека доколку продолжи ваквата пракса, ќе следуваат санкции и рестрикции.