Мени

Ристовски: Претседателката на Советот ја злоупотреби функцијата и оневозможи демократска расправа

23.01.2026 19:00 | KumanovoNews

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Дарко Ристовски, денеска на прес-конференција ја обвини претседателката на Советот на Општина Куманово дека ја злоупотребила својата функција, оневозможувајќи демократска и институционална расправа и ускратувајќи им го правото на советниците да дискутираат за прашање од висок јавен интерес.

 

Ристовски: Претседателката на Советот ја злоупотреби функцијата и оневозможи демократска расправа

„Вчера, на седницата на Советот на Општина Куманово, не беше прифатена предложената точка за дополнување на дневниот ред, по која требаше да се отвори расправа за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Куманово кои работеле во американските бази во Ирак и Авганистан, а кои се однесуваат на ретроактивното оданочување. Истовремено, беше овозможено на градоначалникот да дискутира, што претставува селективен пристап и прекршување на принципите на еднаквост и транспарентност во работата на Советот“, изјави Ристовски.

Тој додаде дека ваквиот пристап кон ретроактивното оданочување директно го доведува во ризик идниот економски развој на Куманово, при што граѓаните кои со години вложувале во локалната економија и придонесувале за финансиската стабилност на градот се приморани своите средства и идни инвестиции да ги пренасочат надвор од државата.

„Куманово повеќе од 15 години се развиваше токму благодарение на средствата од овие граѓани. Дополнително, ваквите одлуки создаваат сериозна несигурност и во банкарскиот сектор, при што дел од граѓаните започнаа со повлекување на своите средства, а кај останатите се создава чувство на недоверба и страв, што може да резултира со трајно насочување на финансиските приливи во странство“, заврши Ристовски.