×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Рома труба фест“ вечерва на Градскиот плоштад во Куманово

    23.08.2025 13:16 | KumanovoNews

    Вечерва, со почеток во 19:30 часот, на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи јубилејното издание на традиционалниот фестивал „Рома труба фест“. 

    „Рома труба фест“ вечерва на Градскиот плоштад во Куманово

    Настанот е во организација на Ансамблот за народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ од Куманово, кој веќе две децении ја негува и промовира богатата музичка и културна традиција на Ромите.

    Уметничкиот директор на фестивалот, Самет Салиевски, најавува незаборавна вечер исполнета со ритам, емоции и врвна музичка програма која ќе ги задоволи сите љубители на трубачката уметност.

    "Специјална гостинка годинава ќе биде познатата ромска ѕвезда Џефрина Идриз, која ќе ја изведе химната на фестивалот. Публиката ќе има можност да ужива и во настапите на врвните оркестри на Кеми Асанов, Демир Кантуровски и „Весели Моци“ од Македонија, како и на гостите од Србија – Исидор Зечировиќ, Бојан Рисиќ и Станислав Антиќ. Ги повикуваме граѓаните да дојдат и да уживаат во музиката“, вели Салиевски.

    Организаторите очекуваат плоштадот да биде исполнет со публика и музика, а „Рома труба фест“ повторно да покаже дека е еден од најпрепознатливите фестивали во регионот, кој со својата енергија ги обединува луѓето преку музика и традиција.