Романски професори ќе држат предавања на пчелари во Куманово
10.06.2013 07:47
| KumanovoNews
Претседателот на Здружение на пчелари “Пчела“, Бранко Тасевски пред неколку дена се врати од посета на неколку романски градови каде посети пчеларници и воспостави контакти за соработка со тамошните одгледувачи на пчели.
При тоа договорил романски еминентни професори да го посетат Куманово и да оддржат предавања за одгледување на пчели.
Бев неколку дена во повеќе градови меѓу кои и во Букурешт. Тие користат посебна течна храна за пчели, која не содржи шеќер. Знаеме дека шеќерот е штетен, а нивната течна храна содржи благородни шеќери како гликоза, фруктоза. Ќе настојуваме таа храна да почне да се употребува и кај нас - изјави Тасевски.

