СДСМ ќе ги објави пратеничките листи во недела на конгрес
02.11.2016 13:46
| KumanovoNews
Од СДСМ в недела, на партиски конгрес, ќе ги објават кандидатските листи за пратеници.

Лидерот Зоран Заев рече дека се водат целодневни разговори со коалиционите партнери и со граѓаните.
„Ние нашите кандидатски листи ќе ги соопштиме на 6 ноември, в недела, за кога е закажан конгресот на партијата. Во тек се целодневни разговори со коалиционите партнери, но, пред сè, најголемо внимание посветуваме на средбите со граѓаните, кои ќе бидат дел од заедничките листи. Дотогаш не би сакал да изнесувам други детали“, рече Заев.
Од ВМРО-ДПМНЕ листите ќе ги објават на некој поголем собир, но сè уште дефинираат кога.