×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се обележува хоризонталната сигнализација на улиците во Куманово

    14.03.2024 13:56 | Оливера Пешевска

    Почна обележувањето на хоризонтална сигнализација на улиците и булеварите во Куманово. Утринава коловозна лента на „Октомвриска револуција“ беше затворена за сообраќај и тоа во време кога најголем дел од граѓаните одат на работа и фреквенцијата на возила е поголема.

    Се обележува хоризонталната сигнализација на улиците во Куманово

    Едната лента од пред раскрсница кај Спортската сала до раскрсницата кај Туш беше затворена за сообраќај.

    „Повеќе сум изненаден, отколку револтиран. Тука бргу се вози, а тие ставиле конуси на 20 метри од семафорот, некој ќе ги подбере и ќе биде виновен. Уште сонливи, во брзање за на работа се може да се случи. Прв пат гледам во тек на ден да се цртаат улиците“ истакна В.А., 52 години, сограѓанин кој секојдневно поминува на таа делница.

    За исцртување на хоризонтална сигнализација склучен е договор со „Виа Сигнал“ ДООЕЛ Скопје, а ангажираните работници кусо одговорија дека работат во овој термин на барање на Општина Куманово.

    Граѓаните често кометираат дека на обележаната хориѕонтална сигналиѕација многу брзо избледува, поради тоа што се сомневаат дека не е квалитетна бојата, но и затоа што се работи во текот на денот и нема време доволно време да се исуши. Надлежните, пак, признаваат се купува најефтина боја затоа што тоа го диктираат условите на тендерот.

    Обележувањето на хоризонаталната сигнализација, пред се пешачките премини, ознаки за градинки и училишта, се  значајни за безбедноста на пешаците и возачите, и се редовна обврска на јавните претпријатија во пролет.