Се судриле тинејџер со мопед и 72-годишник со електричен тротинет
29.09.2024 09:09
| KumanovoNews
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, при судар на мопед и тротинет.

Сообраќајката се случила завчера околу 19.25 часот помеѓу мопед „пежо“, управуван од Д.М.(18) и електричен тротинет управуван од Џ.И.(72), двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.