Се враќа традицијата во Карпино – организирана прослава на „Воведение на Пресвета Богородица“
Во манастирот Карпино вчера беше прославен празникот „Воведение на Пресвета Богородица“.
Најпрво беше одржана литургија во црквата, а потоа гостите беа послужени со празничен ручек.
Втора година по ред прославата ја организира Здружението „Карпино“, кое за наредната година најавува уште побогата програма.
„За прв пат е избран кум за следната година. Традицијата ќе продолжи и понатаму, планираме Карпино да заживее. Имаме успешна соработка со сите институции, здруженија и со месното население. На празникот нè посети и градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски, разговаравме и ни вети успешна соработка“, велат Дејан Спасовски и Трајче Димитриевски од црковниот одбор.
Тие велат дека се отворени за соработка со сите кои сакаат да им се придружат, а особено им е неопходна институционална поддршка за заживување на овој прекрасен комплекс.