Шегобијна разгледница
        30.03.2011 10:50
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      По повод 1-Април Денот на шегата утре во 19.00 часот, Центарот за култура Трајко Прокопиев и здружението на пензионери организира Шегобијна разгледница.
 
                  Главен лик на вечерта ќе биде познатиот Батко Ѓорѓија - наш шегаџија, ќе се презентираат и нови творби, а настап ќе има и КУД „Ѓоко Симоновски„. Настанот ќе се одржи во малата сала.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  




