Семејно насилство во Старо Нагоричане - син нападнал мајка
21.05.2024 13:47
| KumanovoNews
Осумдесет и тригодишна жена пријавила дека е жртва на семејно насилство, откако била нападната од нејзиниот син.

„Вчера во 16.20 часот во СВР Куманово, 83-годишна жена од село во општина Старо Нагоричане пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти Полицијата.