Син нападнал татко, полицијата го привела
15.05.2024 14:01
| KumanovoNews
Четириесет и едногодишен кумановец физички нападнал татко, по што бил приведен во полиција.

„Во 21.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 41-годишен кумановец затоа што физички го нападнал неговиот татко. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.