Мени

Смени на директори во јавните претпријатија „Чистота и зеленило“ и „Водовод“

25.11.2025 09:28 | KumanovoNews

Двете најголеми јавни претпријатија во Куманово – „Чистота и зеленило“ и „Водовод“ – имаат нови в.д. директори.

Смени на директори во јавните претпријатија „Чистота и зеленило“ и „Водовод“

За в.д. директор на ЈП „Чистота и зеленило“  е назначен Сашо Тошиќ од ВМРО-ДПМНЕ, кој долги години е вработен во претпријатието, а беше кандидат за советник. Со „Водовод“ ќе раководи Игор Липковски, кадар на ЗНАМ. 

Тие доаѓаат на местата на Ненад Стојановски и Оливер Стојмановски. Стојмановски е разрешен од функцијата иако има менаџерски договор до 2027 година, и се враќа на поранешното работно место одделението за наплата.

Примопредавањето на должноста во „Чистота“ е извршено денеска. Стојановски се враќа во Секторот за даноци во Општина Куманово.

Двете јавни претпријатија се со големи проблеми, долгови и блокирани сметки, а во „Чистота и зеленило“ е започната извршна постапка за движни работи.

По стапување на должност на новиот мандат,  градоначалникот Максим Димитриевски најави дека ќе има смени на раководните позиции во сите ешалони на јавните претпријатија и Општината.