Со фалсификувани евра купиле јачмен
17.09.2013 11:28
| KumanovoNews
Двајца арачиновци излажале од старец во Скопје со фалсификувани евра купиле јачмен.
Изматата се случила пред неколку месеци кога С.А.(52) и С.Р.(44) од Арачиново набавиле лажни евра, по што на П.С.(71) од Скопје му дале 100 евра капар за јачмен.
Двајцата арачиновци откако ги набавиле лажните банкноти во апоени од 50, 100 и 500 евра отишле во куќата на П.С на кој му дале 100 евра како капар за купување на јачмен. П.С се обидел банкнотата да ја смени во менувачница во Куманово каде му кажале дека се работи за лажни евра.
Кумановската полиција поднесе посебен извештај против С.А и С.Р за сторено кривично дело „фалсификување пари“ и против П.С за „недозволена наплата и исплата во ефективни странски пари“ од Законот за девизно работење.

