×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Собир на автомобили на 1 јуни на Аџитепе, во тек е пријавување на учесници

    22.05.2025 09:36 | KumanovoNews

    На спортскиот аеродром Аџитепе, на 1 јуни, недела, ќе се одржи собир на автомобили, на кој ќе се очекува да бидат претставени од 500 до 700 автомобили.

    Собир на автомобили на 1 јуни на Аџитепе, во тек е пријавување на учесници

    Mанифестацијата ја организираат по втор пат, во соработка на Тјунингславиа (Tuningslavia) и клубот  Илегал Хантерс (Illegal Hunters) од Куманово, а ќе присуствуваат гости од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

    Љубителите на автомобили ќе можат да уживаат во богата програма на различни видови тјунирани автомобили, олд- тајмери, луксузни автомобили, проследена со музика од локален диџеј, хостеси, добра храна и пијалаци.

    „Авто собирот ќе има и богат натпреварувачки карактер во преку 15 натпреварувачки категории, лимбо натпреварување, држење на бандажи во раце, влечење јаже, оценување на автомобили. Победниците во сите категории ќе бидат наградени со пехари. Ќе има и дрифт на посебно обележан простор кој исто така ќе биде награден. Ги повикуваме сите љубители на автомобилизмот да се пријават за учество на манифестација, а граѓаните да дојдат во што поголем број и да уживаат во дружењето“, велат организаторите.

    Влезот за автомобили ќе биде од 14 до 16 часот, од 16 часот почнува собирот и ќе трае до 22:00. Учеството со автомобил ќе се наплаќа по 600 денари, а влезот за публиката е бесплатен. Собирот ќе биде максимално обезбеден од страна на организаторите со полицијата и приватно обезбедување.