Сообраќајка на „Тоде Думба“ – повредени две девојки, оштетени три паркирани автомобили
09.03.2026 15:10
| KumanovoNews
Две девојки се повредени во сообраќајна незгода што се случила околу полноќ на улицата „Тоде Думба“ во Куманово.
Според Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила ноќеска околу 23:50 часот помеѓу патничко возило „Фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 28-годишната К.П., и патничко возило „Фолксваген Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната А.Н. од Куманово. При судирот биле оштетени и три паркирани патнички возила.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., додека А.Н. се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
(Фото. архива)