Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жена од Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo – убиство.
„При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место“, соопшти ОЈО Куманово.
По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената.
В.И.(36) од Кратово во четвртокот во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди. В.И. била приведена и задржана во полициска станица, а телата на убиените се предадени на обдукција.