Советот да расправа за стратегијата за мигранти, бара ВМРО-ДПМНЕ
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Советот на општина Куманово на која ќе се расправа за стратегијата и акциониот план на Владата за интеграција на мигрантите.

„Бараме Владата на СДС да ја повлече оваа несериозна стратегија која ќе го дестабилизира економскиот и безбедносниот систем и да ги пренамени средствата во Куманово, за граѓаните на Куманово. Да им помогне на младите брачни двојки, социјално загрозените семејствата, без решено станбено прашање. Се надеваме дека со пренамена на средствата ќе обезбедите повеќе места за сместување на дечињата во детските градинки и ќе овозможите повеќе работни места за граѓаните во Куманово, бидејќи сериозна држава треба да ги решава проблемите на граѓаните“, - изјави на прес-конференција советничката Валентина Јовановска од ВМРО-ДПМНЕ.