Спречен шверц на бижутерија и текстил
        20.12.2011 12:01
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Над 2.000 различни производи се откриени во багажниот простор на патничко моторно возило во населбата „Карпош„ на патниот правец Крива Паланка-Куманово.
                  1.095 парчиња се модни додатоци-бижутерија: синџирчиња, прстени, обетки и други предменти и 700 готови текстилни производи: пижами, долна облека, кошули, марами и џемпери, 210 моливи за очи и 30 паричници. Возачот не поседувал документи за потекло и платени царински давачки за пронајдената стока.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



