Мени

Средорек и четири улици без вода

07.06.2013 09:12 | KumanovoNews

 Водоснабдувањето утрово е прекинато на четири улици во градот и во населбата Средорек.

Средорек и четири улици без вода

Вода нема на улиците “Октомвриска револуција“, “Моша Пијаде“, “Иван Милутиновиќ“ и “К.Неделков“. Причина за прекините се дефекти во водоводната мрежа.

Екипи на ЈП“Водовод“ веќе работат на терен за санирање на дефектите по што снабдувањето со вода ќе се нормализира.