×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стипендија за најдобрите матуранти од Куманово, најави Тодоровска

    06.10.2025 12:10 | KumanovoNews

    Имаме јасна цел,  да инвестираме во знаењето, во младите и во современото образование. Нашата нова иницијатива е стипендија за најдобрите матуранти од Куманово, најави на денешната прес - конефернција кандидатката за советничка од коалицијата на СДСМ.

    Стипендија за најдобрите матуранти од Куманово, најави Тодоровска

    „Секоја генерација има свои ѕвезди- матурантите кои постигнуваат врвни резултати, кои вложуваат труд, љубов и знаење. Тие не се само гордост на своето училиште, туку и идни лидери на нашата заедница. Со нашата програма, секоја година, учениците кои ќе завршат средно образование со највисок успех добиваат општинска стипендија за продолжување на своето високо образование. Тоа ќе биде симбол на признание, но и поттик да продолжат да се развиваат тука, во Куманово. Нема да дозволиме повеќе најдобрите да мораат да заминат од својот град за да бидат ценети. 
    Општината мора да ги задржи своите таленти, а тоа почнува со вистинска поддршка уште од училишните клупи. Уште една иницијатива од Програмата е и целосна дигитализација на средните училишта. Во 21-ви век, училиште без дигитална инфраструктура е како библиотека без книги. Затоа, нашата цел е до крајот на мандатот сите средни училишта во Куманово да бидат целосно дигитализирани“, изјави Тодоровска. 

    Според неа, тоа ќе значи дека секоја училница ќе има интерактивна табла и интернет конекција, дигитални платформи за комуникација меѓу учениците и професорите, е-дневник и дигитални учебници достапни за секој ученик и најважно- обука за наставниците за користење на новите технологии во наставата.

    „Со ова, Куманово ќе стане првиот град во Македонија кој ќе има потполно дигитализирани средни училишта, подготвени за иднината. Ова не е само иницијатива во образованието, туку инвестиција во достоинствено Куманово. Време е да им покажеме на младите дека нашиот град верува во нив. Време е нашата Општина да стане пример- град што не само што зборува за иднината, туку ја гради, денес, тука, во нашиот дом“, истакна Тодоровска.