×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Братска листа“ ја сочинуваат луѓе со интегритет и докажани професионалци - гласајте за реден број 3, порача Стоилковиќ

    17.10.2025 15:25 | KumanovoNews

    „Братска листа“ на Демократската партија на Србите во Македонија ја сочинуваат луѓе со интегритет и докажани професионалци, кои со својата работа ќе придонесат за развој на Општина Куманово, вели носителот на листата за советници Иван Стоилковиќ. 

    „Братска листа“ ја сочинуваат луѓе со интегритет и докажани професионалци - гласајте за реден број 3, порача Стоилковиќ

    Иако станува збор за исклучително квалитетна листа, сепак Стоилковиќ смета, дека последниот збор ќе го имаат граѓаните кои треба да им дадат поддршката ги реализираат предвидените планови. 

    „Ние се бориме да бидеме листа која одлучува. Мојот и повикот на „Братска листа“ е повик до граѓаните да ни ја дадат довербата да ги контролираме Советот и идниот градоначалник на Куманово, не заради лукративни причини, туку зашто градот треба да се врати во нормална состојба на функционирање. ДПСМ е битен дел од новиот Совет заради зачувување на основните интереси на Србите и на сите други граѓани, но и да се спречи самоволието при донесување на акти кои се поврзани со функционирањето на градот“, рече Стоиљковиќ.

    Тој ги повика останатите кандидати кои учествуваат на локалните избори да се откажат од советничкиот паушал. Кажа дека во текот на целата кампања немаат кажано ништо против ниту еден опонент, зашто „не нудат програма за справување со луѓе, туку програма за спарување со проблемите во градот“.

    Листата, според Стоиљковиќ, ќе се залага за решавање на сообраќајниот метеж и недостатокот на паркинг простор, отварање на градинки,  јакнење на локалниот економски развој, креирање на услови за  вработување на младите.

    „Братска листа“ со носителот Иван Стоилковиќ, на гласачкото ливче се наоѓа под реден број 3.