×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Светскиот ден на поезијата ќе се одбележи со поетско - музичка вечер во Занаетчискиот дом

    21.03.2024 10:37 | Оливера Пешевска

    Поетско- музичка вечер „Слеј се со поезијата и музиката“ ќе се одржи вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово, со почеток во 19 часот, по повод Светскиот ден на поезијата.

    Светскиот ден на поезијата ќе се одбележи со поетско - музичка вечер во Занаетчискиот дом

    Манифестацијата е во организација на стручниот актив по македонски јазик и новинарскиот клуб „Ринг медиа“ на училиштето „Кочо Рацин“.

    „Вечерва ќе учествуваат ученици од 4-то до 9-то одделение кои ќе читаат творби на роднокрајни автори, а музичкиот дел ќе го изведат ученици на музичкото училиште „Панче Пешев“. Како гости на манифестацијата свои лични творби ќе презентираат Андријана Ѓорѓевска, Андреј Анѓеловиќ и Анастасија Анѓеловска, сите членови на Книжевниот клуб на млади. Од возрасните поети ќе се претстават Христина Алексовска, Сузана Божиновска, Љиљана Тричковиќ, Лидија Максимовиќ, Калина Стојановска и Елизабета Павловска“, истакна Весна Тодоровска, една од организаторките и професор по македонски јазик..

    Активноста  е дел од годишната програма на нашето училиште. Се релизира во соработка на наставнички и учителки од централното училиште и една од подрачното училиште во Орашац. Имало голема заинтересираност, поради што се размислува ваков начин на одбележување да премине и во традиционален настан.

    Во минатото имало слични вакви настани во основното училиште „Кочо Рацин“, но годинава решиле да излезат од рамките на својата институција и да креираат поголема, поразновидна и сеопфатна тематска манифестација за да се престават пред поширока публика и да промовираат дел од македонската поезија.

    Пред 25 години 21 Март е прогласен за Светски ден на поезијата, па македонистите решиле во соработка со други колективи од образовни, уметнички и културни дејности да го одбележат малиот јубилеј од 25 годишнината на овој ден.