Мени

Тепачка на фудбалски натпревар во Доброшане

10.02.2026 14:07 | KumanovoNews

Четири лица се приведени во полицијата, под сомнение дека нападнале вработен во фудбалски клуб.

Тепачка на фудбалски натпревар во Доброшане

„Полициски службеници од СВР Куманово ги приведе Л.Б. (23), М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23) затоа што на стадион во село Доброшане, Кумановско, на фудбалски натпревар помеѓу клубовите Башкими и Куманово, со тврд предмет го нападнале Ф.Б., вработен во фудбалскиот клуб Башкими“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.