Трет смртен случај од западнонилска треска, 35 заразени, шестмина во критична состојба
17.08.2026 15:02
| KumanovoNews
Во саботата починал третиот пациент од западнонилска треска. Станува збор за 61-годишен пациент, кој имал и неколку други заболувања.
Според Министерот за здравство Сашо Клековски, досега се потврдени 35 случаи на западнонилска треска, додека три случаи се суспектни и се во процес на дијагностицирање. Шестмина се во критична состојба.
Во моментов се хоспитализирани 16 пациенти кои се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент се лекува во приватна здравствена установа.
Од Клиниката за инфективни болести досега се пуштени 15 пациенти кои се излекувале.