Три лица повредени во сообраќајка кај Страцин
14.09.2024 12:14
| KumanovoNews
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера напладне се случила на регионалниот пат Куманово - Крива Паланка, во селото Страцин.

„На место викано „Поповски рид“ патничко возило „фолксваген поло“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(59) од село Туралево, кратовско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.А.(33) од Кратово, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото и малолетна сопатничка од Кратово, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кратово“, соопшти МВР.