Трибина за проширување на ЕУ
        14.03.2011 09:37
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Секторот за евроинтеграции и меѓународна соработка во Општина Куманово, утре организира презентација на политиката на проширување на Европската Унија и извештајот за напредок 2010 на Европската Комисија.
 
                  Свое обраќање ќе имаат секретарот Оливер Спасовски и Роберт Лидел, шеф на Сектор за политика, правда и внатрешни работи, информации и комуникации при делегацијата на ЕУ.
Трибината ќе се одржи од 11 – 12.30 часот во кружната сала на Комитет.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





