Тројца повредени во сообраќајка на „Братство Единство“
07.10.2024 07:54
| KumanovoNews
Три лица се повредени при судар на две возила на ул.„Братство и единство“ во Куманово.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(62) и патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(60), двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. а со телесни повреди се здобил С.Р. и неговиот сопатник И.Ѓ.(44) од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.