Тројца повредени во сообраќајка на патот Куманово- Пчиња
04.11.2025 12:53
| KumanovoNews
Двајца возачи се потешко повредени, а еден сопатник полесно во сообраќајна незгода што вчера напладне се случила на локалниот пат Куманово- Пчиња.
„Околу 12:40 часот на локалниот пат с.Пчиња - Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од С.К.(23) од с.Пчиња и патничко возило „мерцедес“, управувано од О.Р.(55) од с.Пчиња. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди сопатникот од патничкото возило „мерцедес“, Ф.Р.(28) од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.






