×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тројца повредени во сообраќајката на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово

    31.05.2023 13:44 | Сузана Николиќ

    Три лица се повредени во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, во атарот на с.Псача, општина Ранковце.

    Тројца повредени во сообраќајката на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово

    Сообраќајката се случила вчера во 14.45 часот, помеѓу патничко возило „тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од З.К.(52) од Крива Паланка и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(48) од Република Србија. 

    „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле З.К. и неговата сопатничка М.К.(52) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.К.(21) од Крива Паланка, констатирани во Општа болница во Куманово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка“, соопшти МВР.

    По нереќата повеќе од три часа беше во прекин сообраќајот на на овој патен правец и километарски колони да автомобили чекаа да заврши увидот на надлежните.