Уапсен велешанец кој извршил осум кражби во угостителски и деловни објекти во Куманово
09.02.2022 11:22
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го уапсиле Б.Д. (20) од Велес, поради постоење основи на сомнение дека во тек на месец декември извршил 8 кражби во угостителски и деловни објекти во Куманово.

При што одзел пари и други предмети.
Приведениот ги признал извршените кривични дела и бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.