×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците кои се на долго болничко лекување ќе можат да следат онлајн настава

    06.08.2025 18:13 | KumanovoNews

    Учениците кои се на подолго болничко или домашно лекување, од новата учебна година повеќе нема да губат настава.

    Учениците кои се на долго болничко лекување ќе можат да следат онлајн настава

    Mинистерот за здравство, Азир Алиу и министерката за образование, Весна Јаневска, денеска најавија од септември воведување на формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување.

    Целта е децата да немаат застој во воспитно – образовниот процес и по завршување на лекувањето, полесно да се ресоцијализираат, да се вратат во училиштето и меѓу другарчињата.

    „Децата со сериозни здравствени предизвици, најчесто се соочуваат и со дополнителни, образовни предизвици. За жал, на Клиниката за детски болести секогаш има деца кои се наоѓаат на подолготрајно лекување поради што не можат да ја следат редовната настава. Но, за ова постои решение и новата Влада со поддршка од граѓанскиот сектор, го дефинираше и го уреди системски и отсега повеќе нема да биде како во минатото кога, всушност, и постоеше една неправда, па би рекла и дискриминација кон децата со сериозни здравствени предизвици“, рече Јаневска.

    Секое дете на школска возраст кое е сместено на Детската клиника повеќе од три недели, додека трае учебната година ќе може онлајн да се вклучи во наставата во неговиот клас или пак, наставникот ќе организира индивидуална настава во зависност од здравствената состојба на ученикот и тоа по наставна програма прилагодена на неговата состојба.