Украле машини од градилиште на пругата во Бељаковце
03.08.2024 14:47
| KumanovoNews
Непознати лица украле машини на компанија која работела на изградба на пругата Куманово - Бељаковце. Случајот бил пријавен во полиција.

„Во СВР Куманово било пријавено дека во периодот од 26. до 29. јули на пругата во изградба во село Бељаковце, кумановско, биле одземени работни машини, сопственост на фирма ангажирана на изградба на пругата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
(фото.архива)