Мени

Украле маси и столови од угостителски објект, па го признале делото

05.06.2026 14:40 | KumanovoNews

Четворица кумановци признале дека минатата недела украле маси и столови од угостителски објект во Куманово.

 

Украле маси и столови од угостителски објект, па го признале делото

Со Е.Љ. (22), В.Б. (19), Љ.А. (23) и 17-годишник, сите од Куманово, вчера бил извршен службен разговор поради сомнение дека со употреба на сила влегле во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово, од каде одзеле поголем број маси и столови.

Сите четворица го признале делото.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.