Управните служби на МВР со ново работно време
18.02.2025 10:57
| KumanovoNews
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.

Отсеците за управни работи - Куманово, од понеделник до петок ќе имаат работно време од 08.00 часот па до 18.00 часот.
Во останатите пак подрачни единици - ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.