Утре без струја дел од градот, населби, села
29.05.2024 08:00
| KumanovoNews
На неколку улици, населби и села утре од 08:30 до 14:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) без струја ќе останат: дел од улиците Доне Божинов и Никола Тесла, локалитетите Спомен костурница и Аџитепе, населбите Ново Куманово, Прмакови Ниви и дел од Долно Којнаре, Индустриска зона Речица и селата Режановце, Костурник и Речица.