Утре без струја делови од градот и неколку липковски села
09.07.2024 08:03
| KumanovoNews
Поради планиран прекин на дистрибутивната мрежа утре /10.07.2024/ без електрична енергија ќе останат потрошувачите на одредени делови од градот и неколку липковски села.

Од 09:00 до 14:00 струја ќе нема населата Карпош, во делот кај гробиштата.
Од 9.30 до 11.30 часот улиците Поток Серава, Младен Стојановиќ, Драгјло Диндиќ и Киро Антевски.
Од 12 до 14 часот без струја ќе бидат потрошувачите на улиците Есперанто, Бајрам Шабани, Димо Хаџи Димов, Франц Розман и Максим Горки.
Од 8.15 до 14.40 часот селата Оризаре, Слупчане, Извор, Алешевце, Руница и Белaновце.