×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре седница на Совет со 19 точки на дневен ред

    05.06.2023 07:09 | Сузана Николиќ

    Сoветот на Општина Куманово утре /вторник/ ќе одржи редовна седница, на која ќе се расправа по 19 точки на дневен ред. Советниците ќе одлучуваат по извештаи за работа на две јавни претпријатија, за нови вработувања во старскиот дом, за суспензија на ДУП-от спроти „Рамстор“, за избор на членови на комисии и др.  

    Утре седница на Совет со 19 точки на дневен ред

    Седницата ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот.
           

    Дневен ред

    1.    Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2023 година;
    2.    Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.01.2023 – 31.03.2023 година;
    3.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување на Ценовникот за користење на услугите на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
    4.    Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2024 година на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;
    5.    Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022 година со финансов извештај;
    6.    Предлог - Одлука за суспензија од примена на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. ,,Б. С. Гојчо“, дел од Урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул. „Прва Петолетка“ и ул. „Миле Кипра“ - Општина Куманово, (2018-2023) со површина од 3.24ха, со технички број 18/18 од јули 2021, изработен од ДУПИ Планерис ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, донесен со Одлука бр. 09-9525/41 од 28.12.2021 година;
    7.    Предлог - Одлука за отпочнување на постапка за изработка на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. ,,Б. С. Гојчо“, дел од Урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул. „Прва Петолетка“ и ул. „Миле Кипра“ - Општина Куманово;
    8.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;
    9.    Стратегија за социјална инклузија на Ромите на Општина Куманово за периодот 2023 – 2030;
    10.    Предлог – Програма за решавање на проблемот со бездомни кучиња на подрачјето на Општина Куманово за период 2023 – 2025 година;
    11.    Предлог - Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за финансирање и Буџет на Советот на Општина Куманово;
    12.    Предлог - Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;
    13.    Предлог - Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за локален економски развој на Советот на Општина Куманово;
    14.    Предлог - Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам на Советот на Општина Куманово;
    15.    Предлог - Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за образование, култура и спорт на Советот на Општина Куманово;
    16.    Предлог - Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;
    17.    Предлог - Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за месна самоуправа на Советот на Општина Куманово;
    18.    Предлог - Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово;
    19.    Предлог - Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита на Советот на Општина Куманово.