Утре започнува тридневниот Саем на мед во Куманово
09.10.2025 16:25
| KumanovoNews
Од утре до недела ќе се одржи Саемот на мед на Градскиот плоштад во Куманово.
Оваа година ќе учествуваат 34 излагачи од Куманово, Скопје, Битола, Штип, Радовиш, Кратово и од други делови на земјата. Организатор на саемот е пчеларското здружение „Пчела“.
„Ги повикуваме граѓаните да дојдат, да се запознаат со вистинските пчелари и да се снабдат со квалитетен мед и пчелни производи, во пресрет на сезоната на вируси и грип“, изјави Бобан Стошевски од здружението „Пчела“.
Саемот има продажен карактер, а покрај природен мед, посетителите ќе можат да набават и медова ракија – медењача, креми на база на мед, слатко, прополис, матичен млеч и други здрави и органски пчелни производи.
Саемот во петок, сабота и недела ќе биде отворен од 8 до 20 часот.

