×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Верижен судир на автопатот кај Романовце, едно лице потешко повредено

    30.04.2024 12:41 | KumanovoNews

    Едно лице е повредено вчера поладне во сообраќајна несреќа на автопатот „Пријателство“, во насока кон Куманово, атар на с. Романовце, кумановско.

    Верижен судир на автопатот кај Романовце, едно лице потешко повредено

    „Сообраќајката се случила во 17.40 часот, кога патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(35) од Велес, удрило во патничко возило „ланд ровер“ со скопски ознаки, паркирано од М.Џ.(33) од Скопје, кое пак по инерција удрило во товарно возило „ивеко“ и приколка со битолски регистарски ознаки, паркирано од Т.П.(47) од Прилеп“, соопшти МВР. 

    Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Џ., констатирани во Општата болница Куманово.

    Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.