×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вицепремиерот Битиќи на средба со бизнис заедницата во Куманово

    08.04.2024 21:03 | Оливера Пешевска

    Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции денеска имаше средба со бизнис секторот во Куманово. На средбата било разговарано за предизвиците проблемите и потребите на компаниите, како и за начините за надминување на истите.

    Вицепремиерот Битиќи на средба со бизнис заедницата во Куманово

    „Сакав да се видам со поголем број на стопанственици, да ги слушнеме одблиску кои се нивните гледишта, наспроти проблемите со кои се соочуваат. Еден од клучните проблеми е недостигот на работна сила. Зборувавме заедно како во наредниот период да се помогнеме, стопанството и Владата, за да се преброди овој период. Се уште имаме голем број на невработени во Агенцијата за вработување кои најверојатно ќе треба да се преквалификуваат за да добијат нови вештини, наспроти тоа што го имаат стопанствениците како потреба“, истакна министерот Битиќи.

     Тој вели дека било разговарано и за потребата за дополнителна поддршка на компаниите кои произведуваат храна, во сегментот на месната индустрија за законски измени кои би требало да им помогнат да станата поконкурентни. 

    „Заеднички заклучок на сите е дека домашната економија, домашните компании мора да станата поподготвени за зедничкиот пазар на Европската унија. На пазарот од 500 милиони жители , секако нашите производи се добредојдени, но нивната конкурентност треба да биде зајакната. За тоа секако треба да има влада која што би требало да ги поддржи во нивните намери“, кажа Битиќи. 

    Претходно вицепремиерот Битиќи бил во компанијата „Бучен Козјак“, која е една од корисниците на мерките од Законот за финасиска поддршка на инвестиции, од вкупно 919 домашни компании поддржани во изминатите неколку години. На состанокот се разговарало за нивните планови во следниот период и било изразено уверување дека поддршката ќе продолжи според истиот закон.

    „Јас искрено се заблагодарив и на стопанствениците затоа што ниту една Влада не може на своја рака еднострано да каже дека е тоа заслуга на владата. Заеднички, и стопанството и владата успеавме да спасиме во нашата држава 80 илјади работни места, инаку ќе беше сериозен проблем во целокупното општество ако се изгубеа толку работни места. Стопанствениците се многу благодарни за помошта која дојде до нив, околу ликвидноста на самите компании, и за времето на пандемијата 2020/21 година и сегментот на енергетската криза со воведување на блок-тарифите и вклучување на малите стопанственици на регулираниот пазар“, е заклучокот на Фатмир Битиќи, од средбата со стопанственици од Куманово.