Виолета Димитриевска нова раководителка на секторот за финансии во Општина Куманово
01.10.2024 10:10
| KumanovoNews
Виолета Димитриевска е назначена за овластен раководител на Секторот за финансии на Општина Куманово.

По професија е дипломиран економист, дипломирала на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, а во Секторот за финасиски прашања работи од 2010 година.
Димитриевска доаѓа на местото на Ирена Илиевска, која е именувана за директорка на Агенција за управување со одземен имот.