×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Владата донесе антикризни мерки од 662 милиони евра, ќе бидат опфатени основците, средношколците, студентите и пензионерите

    28.11.2023 17:57 | Оливера Пешевска

     Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, го презентираше деветтиот пакет антикризни мерки, за кој рече дека изнесува 662 милиони евра.

    Владата донесе антикризни мерки од 662 милиони евра, ќе бидат опфатени основците, средношколците, студентите и пензионерите

     Со мерките,  ќе бидат опфатени над 120 илјади млади лица, повеќе од 74 илјади луѓе од социјално ранливи категории, 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци и над 70 илјади компании. 

    Во наредните шест месеци, учениците во основното образование ќе добиваат по 1.200 денари месечно, а студентите по 1.800 денари. Студентите во наредните 7 месеци месечно ќе добиваат ваучери во износ од 600 до 1.200 денари, а околу 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер за превоз.

    Што се однесува до пензионерите, оние со пензии до 14 илјади денари во наредните пет месеци ќе добиваат по 3.000 денари, оние со пензија од 14.000 до 16.000 денари по 2.000 денари, а оние со пензии од 16.000 до 19.000 денари по 1.500 денари.

    По 2.000 денари месечно во наредните пет месеци ќе добиваат корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители, корисници на гарантирана минимална помош, како и родители на деца со попреченост до 26 години.

    Со мерките е предвидена поддршка за фотонапонски панели до 80 илјади денари, до 15 илјади денари за соларни системи и до 25 илјади денари за инсталација на ПВЦ.

    Се враќа и мерката за поддршка за зголемување на платите во приватниот сектор, а овојпат мерката дава можност да се зголемат платите од 3.000 до 10.000 денари.