Мени

Владата ќе ги обесштети граѓаните кои претрпеа штета од невремето, кажа Мицкоски

23.07.2026 13:55 | KumanovoNews

Владата ќе ги обесштети граѓаните кои претрпеа штета од невремето, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Владата ќе ги обесштети граѓаните кои претрпеа штета од невремето, кажа Мицкоски

„Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги достават до Владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обештетиме оние граѓани кои што ќе пријават штета. Апелирам до граѓаните оние кои имаат штета да пријават, да излезе Комисија да ја констатира и да добиеме ние како Влада спецификација на тие штети, за да можеме да ги обештетиме“, кажа Мицкоски.

По силното невреме со ветер и дожд што го зафати Куманово, имало над 100 интервенции поради паднати дрвја, бандери и кровови, семафори и поплавени куќи и подруми.

На веб-страницата на Општина Куманово се објавени телефонските броеви на кои граѓаните можат да пријават материјална штета. Формирана е комисија која ќе врши увид на терен и ќе ја утврдува висината на штетата.