Во еден ден три мајки пријавиле насилство од своите синови во Куманово и Липково
27.05.2024 15:49
| KumanovoNews
Во три одвоени случаи, вчера три мајки пријавиле во полицијата дека биле нападнати од нивните синови. Две пријави за физичко насилство имало во Куманово и едно во Липково.

Во првиот случај, во 16.00 часот во СВР Куманово, 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син.
Втората пријава била во 17.30 часот, кога 70- годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син.
Третата пријава дошла од липковско село, затоа што 24-годишен син физички ја нападнал неговата мајка. Тој е приведен во полиција.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат пријави.