Во Куманово денеска гласаат 330 вкупно затвореници, болни и изнемоштени лица
Во Куманово денеска ќе гласаат 330 лица кои се наоѓаат во казнено-поравните установи, старскиот дом и во домашни услови.

Според претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК) Кристина Цветковска, гласањето тече мирно и без проблеми.
„Имаме избирачки места во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ каде што ќе гласаат 58 лица и во затвор Кшање се пријавени 106 затвореници, останатите 166 се болни и изнемоштени лица кои ќе гласаат во домашни улови“, кажа Цветковска.
Според избирачкиот список во општина Куманово има вкупно 93.889 гласачи.
Во земјава утре ќе се одржат осмите локални избори од независноста на државата. Граѓаните на Куманово ќе бираат помеѓу седум кандидати за градоначалник и 14 советнички листи.
Вториот круг е закажан за 2 ноември.