Во Куманово наврна 8 литри дожд, минималната температура 11 степени
Во изминатото деноноќие во Куманово наврна 8 литри дожд на метар квадратен.
Најмногу дожд наврна во Струмица 42л/м2, 36 Гевгелија, 30 Пожар-Радовиш, 29 Претор, 26 Битола, 24 Крушево, 23 Тополчани, 18 Попова Шапка, Маврови Анови, 17 Прилеп, 16 Демир Капија, 15 Берово, 14 Пожаране, Виница, 12 Тетово, 10 Штип, Ѓуриште, 9 Лазарополе, Кавадарци, Крива Паланка, Кавадарци, Велес, 8 Скопје–Петровец, Куманово, 6 Скопје-Зајчев Рид.
Минималната температири се: 6 Крушево, Маврови Анови, Лазарополе, 8 Претор, 9 Берово, Крива Паланка, Прилеп, Битола, 10 Тетово, 11 Скопје–Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Виница, Куманово, 12 Велес, Штип, 13 Гевгелија, Струмица, 14 Демир Капија.
Времето денеска е претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

