×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово наврна најмногу дожд - 20 литри на метар квадратен

    26.05.2025 09:33 | KumanovoNews

    Во изминатото деноноќе најмногу дожд наврна во Куманово.

    Во Куманово наврна најмногу дожд - 20 литри на метар квадратен

    Според Управата за хирометоролошки работи (УХМР), во Куманово навраа 20 л/м2, во Пожаране 18л/м2, 16 л/м2 Струмица и Берово, 14л/м2 Крушево, 13л/м2 Виница, 12 л/м2 Крива Паланка и Демир Капија, 10л/м2 Скопје-Петровец и Гевгелија, 9 л/м2 Охрид, 8 л/м2 Штип, Прилеп и Тополчани, 6л/м2 Претор, 5л/м2 Кавадарци, 4л/м2 Скопје-Зајчев Рид и Велес и 3л/м2 Битола.

    Минималните темпeрaтури се: 0 степен Ц Маврови Анови, 1 Попова Шапка, 2 Охрид, Претор, Битола, 3 Берово, Прилеп, Крушево, 4 Велес, 5 Тетово, Крива Паланка, Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Скопје- Зајчев Рид, Штип, Струмица, Виница, Кавадарци, 8 Куманово, 10 Гевгелија.

    Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.

    Во Скопје и околината, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.